Романија ја стави Македонија на „црвената ковид листа“

Facebook
Twitter
Email
Print


Романиja ja ажурираше „црвена листа” на земји или области со висок епидемиолошки ризик од ковид-19 и таа стапува во сила на 5 септември, соопшти романската агенција Агерпрес.

На оваа „црвена листа“ е вклучена и Македонија.

Покрај Македонија, на оваа листа се Србија, Црна Гора, како и Естонија, Албанија, Тунис, Маурициус, Јамајка, Либан, Палестина, Белизе, Антигва и Барбуда, Суринам и Брунеи.

По падот на бројот на нови случаи на коронавирус, Шпанија, Лихтенштајн и Мароко се во „жолтата зона”.

Со зголемување на инциденцата, Норвешка, Австрија, Босна и Херцеговина, Луксембург, Виетнам и Обединетите Арапски Емирати се преселија во „жолтата зона”, додека Финска, Малта, Андора влегоа во „зелената зона”.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира