Филипче: Официјално е препорачана трета доза вакцина – бустер за имунокомпромитираните пациенти

Facebook
Twitter
Email
Print


Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција изјави дека веќе официјално е препорачана бустер дозата за имунокомпромитираните пациенти, а се чекаат официјалните препораки за сите граѓани.

„Нашиот комитет за имунизација ги чека, токму официјалните препораки за и ние тој дел, исто така, го препорачаме. Веќе официјално е препорачана бустер дозата за имунокомпромитираните пациенти, тие кои се на хронична дијализа, меѓутоа треба да помине да помине временски период од шест месеци. Луѓето може да се пријават“, изјави Филипче.

Прашан дали пациентите со хронична дијализа треба да се вакцинираат со истата вакцина, Филипче, посочи дека единствено, вакцината на „Фајзер“ е препорачана.

„Тоа значи дека таа вакцина може да се користи, како бустер доза, без разлика кои се првите две примени вакцини“, изјави Филипче.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи