Царовска: Бојкотот нема да користи никому

Facebook
Twitter
Email
Print


Ниедно училиште не е затворено поради бојкот, кажа денеска министерката за образование и наука Мила  Царовска откако беше најавена блокада на наставата.

„Ниту едно училиште не е затворено заради бојкот. Бојкотот не врши работа на никого, а најмалку е во интерес на учениците. Јас како министерка, и ние како Влада, интензивно се трудиме да обезбедиме образование коешто работи и е во функција на секое дете“, рече Царовска.

Таа посочи дека новата програма треба да даде квалитет и да ги насочи учениците да учат и да ги поврзуваат сите теми кои се дадени во наставните програми и понатаму во животот да можат да ги применат тие знаења.

„Квалитетно и инклузивно образование значи пристап до образование за секое дете. Тоа го овозможуваме со реформските процеси и новата Концепција за основно образование“, додаде Царовска на нејзиниот Фејсбук профил.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира