ВИДЕО – Во Прилеп позитивни 7 ученици и 7 професори, 24 ученици во изолација, 30 деца во изолација и во градинките, во М. Брод 16 ученици во изолација


Дали Ковид 19 полека навлегува во училиштата и градинките по само 10 дена од почетокот на учебната година со физичко присуство. Во М. Брод сите 16 ученици во училишниот дом „Св. Наум Охридски“ се ставени во изолација, поради позитивен ученик кој седел таму, а учел во гимназијата во Брод. Во класот пак каде е детектиран позитивниот случај, 9 ученици се ставени изолација. Во Прилеп позитивнии на ковид 19 се 7 ученици и 7 професори, а 24 ученици се во изолација. Сите се од различни училишта.

„Постојано сме во координација и будно се следи целата состојба, затоа што оваа учебна година започна со физичко присусутво на сите наши ученици. Затоа што квалитетното образование може да се постигне само со физичко присуство на учениците, каде што им е и местото во училиштата. Ние мораме да бидеме отпорни на сите промени кои ни ги наметнува ова ново време, посебно Ковид 19 и  моменталната ситуација, на ниво на општина Прилеп е следна имаме 6 ученици од ковид, ковидот не е добијан во училиштето, туку надвор, од членови на семејство, каде имаме податоци, дека дел од нив не биле вакцинирани. И исто така имаме 7 мина професори, каде што двајца од нив пред да почни учебната година веќе ги добиле симптомите на ковид и воопшто не беа вклучени во воспитно образовниот процес. А другите 4 професори се во изолација, но се чувствуваат добро и наставата ја држат онлајн“, истакна Каролина Николоска, советник за образование во Општина Прилеп.

Во Прилеп има 9.589 ученици во основно и во средно образование. Инаку ковид 19 се појави и во детските градинки во Прилеп каде во моментов се згрижени 630 деца. Нема заразено ниту едно дете, но 30 се во изолција, позитивни се 2 негувателки и една воспитачка.

„Имаме моментално 2 негувателки позитивни, едната група е 2 до 3 години во работната единица „Работнички“, таму одат во изолација негувателката и воспитувачката како и 21 дете. И од 3 до 6 години исто и таму имаме една негувателка која е позитивна, одат таму 9 деца во изолациа, едната воспитувачкка ги има примено 2 дози на вакцина, другата не сака да се вакцинира, едната воспитувачка продолжува со работа, другата оди во изолација“, вели Орце Тодороски, директор на градинки „Наша Идинина“ – Прилеп.

Од Центарот за јавно здравје во Прилеп пак смируваат и велат дека состојбата била добра и немало покачување на бројот нa заболени.

„Што значи тоа добра? Бројот на заболени од минатата и оваа недела е речиси ист, сепак станува збор за широка распространета трансмисија на вирусот. Но што е многу добро немаме експоненцијален раст на бројот на заболени“, рече  Драгица Николоска, директорка на Центар за јавно здравје –Прилеп.

Во Прилеп активни се 280 случаи, а на болничко лекување се наоѓаат 25 лица, сите 25 се на кислородна поддршка.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи