Со претставата „Еден маж и повеќе жени“ се враќа театарот во Крушево

Дека Крушево целосно се враќа со туристичка и културна понуда е доказ рестартотна театарските претстави, предводени од талентираните крушевски актери.

Во петок во 19 и 30 часот во оспособената сала за театар и кино во горната училишна зграда ќе се одигра претставата „Еден маж и повеќе“ жениво изведба на Михајло Миленкоски, Захарија Ангелеска и Аница Бебиќ.

“Еден маж и повеќе жени ”, е претстава која ве поканува во светот на Гарунски, маж кој е зашеметен од низата изненадувања кои му ги приредуваат жените околу него. Создадени од истата природа, жени обединети, кои постојано се менуваат – една е премногу обична, друга премногу вознемирена, една премногу добра, друга премногу авторитетна, трети очајни или неизлечиво романтични, успеваат да го трансформираат Гарунски во мажот на денешницата. Тоа е една константна борба помеѓу половите – тема која потсетува на разноликоста и спектарот на нивните мисли и дејствувања.

Но, ако некогаш беше актуелно дека мажите се од Марс, а жените од Венера, денес ќе се запрашаме од каде всушност доаѓаат нашите битија и на што сé се спремни, за да остават трага во историјата на своето постоење. Оваа претстава преку нејзината едноставност ќе ви ја долови деликатноста на прашањето ” Што сум јас? “, се вели во најавата за настанот.

Влезот е 150 денари, а местата се ограничени во рамки на протоколите за заштита од Ковид 19.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи