Представниците на Здружение Центар за граѓанска иницијатива (ЦГИ) заедно со представници од Словенија, Латвија и Босна и Херцеговина во периодот од 7-ми до 9-ти Септември присуствуваа на настан во Ниш – Србија насловен “Волонтеризам на фестивали и манифестации” кој се одржа во рамките на проектот “Европска Алијанса за поддршка на волонтери – ЕРАС” каде што ЦГИ е дел од 13-те партнерски организации на проектот.
На настанот учесниците имаа можност да научат повеќе за работата на Младинската канцеларија во Ниш, можностите за волонтирање таму но и методологијата за како се организираат волонтерските активности за време на фестивалот “Дојди на Амфи” кој е организиран од страна на партнерската организација од Србија “Клуб за зајакнување на младите 018 или познат како КОМ 018”. Покрај методологијата, учесниците имаа можност последниот ден од посетата и да ги видат добро организираните волонтери во акција за време на фестивалот кој оваа година се одржа на 9-ти и 10-ти септември во Ниш.
Следен ваков настан, во рамките на ЕРАС проектот, е планирано да се одржи во Португалија кон крајот на Октомври каде ќе се зборува за волонтерите и неформалното образование.
Автор: Центар за граѓанска иницијатива Прилеп