Продолжува реконструкцијата на дел од улица Питу Гули

Продолжува реконструкцијата на улицата „Питу Гули“, вклучувајќи и изградба на паркинг. Градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски изврши увид во градежните работи.

„Проблемите и пречките ги надминавме, продолжуваме со изградба на ул. „Питу Гули“. Дополнително, на овој простор, веднаш до хотелската зона ќе биде изграден и паркинг. Продолжуваме со работа за поубаво Крушево“, изјави градоначалникот Христоски по увидот.

Овој проект се имплементира во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта финансиран од Светска Банка и имплементиран од Министерство за транспорт и врски со општина Крушево.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира