Заев не се согласува администрацијата да работи помалку

Facebook
Twitter
Email
Print


Одговорајќи на новинарски прашања по промоцијата на новиот инвестициски циклус во „Пивара“, премиерот Зоран Заев во врска со предлог законот за скратено работно време во петок од 8 на 4 часа за администрацијата рече дека граѓаните очекуваат администрацијата што ја плаќаат да работи поефикасно, а не помалку ефикасно.

„Ги знаете моите ставови и за севкупната продуктивност на населението и севкупната продуктивност и ефикасност на администрацијата. Како народ, треба повеќе да работиме, не помалку. Но, како ветување предизборно на политичките партиципиенти во власта, тоа е ставено на ЕНЕР и допрва ќе се отвора дискусија за ова прашање. Верувам дека граѓаните ќе си кажат тоа што е реалноста во државата, а реалноста е дека сите ако сакаме швајцарски плати, треба да работиме многу повеќе – од таа продуктивност што денеска ја имаме, почнувајќи од себе, па секако, до сите работници во приватниот и во јавниот сектор. Вториот дел, ефикасноста на јавната администрација е нешто што е сериозен фокус и мора да биде фокус. Видовме дека целиот систем со 38 отсто на работа луѓе за време на брановите на пандемијата, функционираше. Тоа само по себе кажува дека постојните капацитети на администрацијата мора да бидат максимално искористени. Тоа е очекувањето на граѓаните, но кога имате нешто отворено на ЕНЕР, несоодветно е премиерот да каже кои се очекувањата на граѓаните, туку граѓаните да си ги кажат своите очекувања“, истакна Заев.

Една од најкрупните реформи која не очекува, не е само ЕУ, туку и ефикасноста, професионализацијата и експедитивноста на јавната администрација зашто тоа значи подобар економски стандард и подобра економија за сите, подвлече премиерот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи