Според најновите информации за новите одлуки на Владата во Софија, почнувајќи од денеска, 10 октомври, Република Бугарија ги повлекува рестрикциите за патување за нашите државјани на нејзината територија.
Со последната одлука, Македонија од црвена е преместена во портокалова зона.
Забраната е укината за сите кои поседуваат сертификат за вакцинација (14 дена поминати од втората примена доза), или сертификат на прележано болест (од 11-тиот до 180-тиот ден од денот на оздравување), како и со негативен ПЦР тест (не постар од 72 часа).