Извршниот директор на Алфабет, фирмата-мајка на Гугл, Ерик Шмит, изјавил дека се креираат алгоритми со кои во резултатите на пребарувањата ќе се филтрираат руските вести. Како што најавил Шмит, вестите кои потекнуваат од медиумите како „Раша Тудеј“ и „Спутник“ ќе бидат сè помалку достапни при пребарување.
На меѓународниот безбедносен форум „Халифакс“ во Канада, Шмит потенцира дека постои пропаганда чиишто содржини не треба да стигнат до јавноста.
„Свесни сме за проблемите и работиме на начинот за детекција на таквите сценарија и спуштање на рангот на таквите страници. Зборуваме суштински за ‘Спутник’ и ‘Раша Тудеј’. Свесни сме за сè и се обидуваме да развиеме систем за да го решиме тоа“, рекол Шмит.
Според информациите, тие интернет-страници се занимаваат со ширење неточни информации и лоши работи, но не сакал да откире премногу за конкретно да го намали влијанието на држвните медиуми.
САД ја обвинуваат Русија за ширење пропаганда преку интернет, претежно преку социјалните мрежи, а „Раша Тудеј“ и „Спутник“ се означени како главни гласноговорници на Кремљ.
„Фејсбук“ и „Твитер“ веќе отворено соопштија дека почнале да работат на намалување на опасноста.
„Раша Тудеј“ упати критики за најавениот потег на „Гугл“.