Завршна конференција: „Пристап до правда за најмаргинализираните“


На ден 30 септември 2021 годинаво хотел Александар Палас-Скопје,се одржа завршната конференција на проектот „Пристап до правда за најмаргинализираните“во организација на Фондацијата Отворено општество – Македонија, каде СТАНИЦА П.Е.Т. и ХОПС беа партнери во имплементација на проектотсо временска рамка од јануари 2020 до октомври 2021 година, со финансиската поддршка од Делегацијата на Европската Унија.

Воведни обраќања на првиот панел на конференцијата имаа г-н Фрик Јанмат, Раководител на одделението за економски развој, владеење на правото и јавна администрација при Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, г-н Бојан Маричиќ, Министер за правда на Република Северна Македонија и г-а Фани Каранфилова-Пановска, Извршна директорка на Фондацијата Отворено општество – Македонија.

На вториот панел од конференцијата беа презентирани клучните резултати на проектот како и најчестите прекршувања на човековите права во време на пандемијакои беа идентификувани. Свои обраќања на панелот имаа Христина Василевска Димчевска – Координаторка на проектот, Игор Јадровски – член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Весна Шапкоски – Координаторка на проектот од СТАНИЦА П.Е.Т. и Хајди Штерјова Симоновиќ – извршна директорка на ХОПС.

Третиот панел беше резервиран за прзентација на клучните наоди од поготвените извештаи за примена на Законот за Бесплатна правна помош како и за имплементацијата на Целта за одржлив развој (ЦОР) 16.3 на национално ниво.На третиот панел свои обраќања имаа: Гоце Коцевски  Македонско здружение на млади правници, Стојан Мишев – автор на Анализата за следењето на имплементацијата на Целта за одржлив развој (ЦОР) 16.3 на национално ниво и Катерина Шојиќ – авторка на Извештајот за имплемeнтација на Законот за Бесплатна правна помош.

Во рамки на проектот беа обезбедени повеќе од 5.000 услуги за најранливите граѓани – оние кои ги изгубија работните места да ги остварат правата, граѓаните кои се соочија со дискриминација и системско кршење на човековите права, на жртвите на семејно насилство, како и на граѓаните кои имаа потреба од остварување на социјалните, имотните и други права.  Заложбите продолжуваат под мотото “Ако правото не е достапно за сите, тогаш и правдата не е достапна за сите. А ако правдата не е достапна за сите, таа не е право туку привилегија!”

Извештајот за примената на Законот за Бесплатна правна помош можете да го прочитате на следниот линк.

*Проектот „Пристап до правда за најмаргинализираните“ е финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Фондација Отворено општество – Македонија, ХОПС – Опции за здрав живот Скопје и Здружението за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. од Прилеп.

Автор: СТАНИЦА ПЕТ Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи