Со поместување на часовникот за еден час наназад, од 31 октомври почнува зимското сметање на времето, со што времето во 3 часот ќе се смета како 2 часот.
Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година.
Европскиот парламент на 4 март 2019 изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година. Но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука, па не е сосема сигурно дека ова ќе биде последното поместување на часовниците во ЕУ.