Денеска е Меѓународен ден на предвремено родените бебиња.
Овој ден за прв пат беше одбележан на 17 ноември 2009 година, како резултат на меѓусебната соработката на фондацијата March of Dimes (САД) и Европската фондација за грижа на новороденчињата, која е преставник од 20 држави на стариот континент.
Виолетовата боја стана симбол за одбележување на овој ден и претставува чувствителност и внимание.
Според статистиката на Светската здравствена организација (СЗО), во светот секоја година се раѓаат 15 милиони предвремено родени бебиња.
Целта на одбележувањето на овој ден е да се привлече вниманието на јавноста кон глобалниот проблем со предвременото раѓање, кој е водечка причина за смрт на доенчиња во развиените и неразвиените земји.
Предвремено родени бебиња се бебиња родени пред 37-та недела од бременоста, обично многу мали и неразвиени, со тежина помала од 2.500 грама.
Причината за толку многу предвремени породувања сè уште не е целосно разбрана. Сепак, она што е познато е дека медицинската нега е исклучително важна во овој период.
Континуираната едукација на здравствените работници и родителите и обезбедувањето навремени услуги во областа на раната интервенција е единствениот начин да се подигне квалитетот на животот на предвремено родените бебиња и нивните родители.