Култната македонска група „Мизар“, едни од пионерите на дарк-звукот во регионот, деновиве го претстави својот нов сингл, насловен „1903“ (Слобода или смрт).
Станува збор за песна за слободата, на текст на познатиот македонски писател Петре М. Андреевски, напишан пред 50 години.
Во оригиналниот текст се опишува 1903-та, годината на Илинденското востание, а според членовите на бендот, темата на слободата на нашата земја е многу актуелна и денес.
156