Пентагон соопшти дека основал канцеларија за собирање и проучување на информации за неидентификувани летечки објекти (НЛО) видени од различни гранки на американската војска.
Ќе се формира група за идентификување воздушни објекти (AOIMSG), која ќе биде под Одделот за разузнавање и безбедност на Министерството за одбрана.
Групата ќе работи за Министерството за одбрана и целата американска Влада за да открие, идентификува и објасни објекти од интерес во воздушниот простор на САД и да процени дали постојат закани за безбедноста на летовите и националната безбедност, според објавата на документот на американското Министерство за одбрана.
138