Додека низ Европа граѓаните од еден град, па и од една во друга држава, како најбрз и најевтин превоз ја одбираат железницата, кај нас се помалку патници ги користат возовите, а железничкиот сообраќај се поретко се користи и за транспорт на стоки.
Железницата е неисцрпна тема за новинарски текстови, дебати, партиски ветувања, а деновие прашањето повторно се актуелизира откако машиновозачите одбија да влезат во локомотивите, но и со превозот на јагленот со вагони до најблиската точка до РЕК Битола. Протестот на машиновозачите уште еднаш го постави на маса прашањето за финансиската кондиција на МЖ-транспорт, а прашањето за тоа како да се превезе јагленот што ќе се увезе за термоелектраната, потсети на тоа како и колку се одржуваат пругите.
Порталот „Пари“ ги анализираше документите што се јавно достапни од двете претпријатија кои ја диктираат судбината на железничкиот превоз во државата – АД Железници – транспорт и ЈП Железници – инфраструктура.
МЖ-ТРАНСПОРТ НЕ ЗАРАБОТУВА ДОВОЛНО НИ ОД ПАТНИЦИТЕ, НИ ОД ФИРМИТЕ
Минатата година АД Железници – транспорт релизирала приход од 18,7 милиони евра. Притоа, патничкиот сообраќај донел околу 7 милиони евра, а товарниот сообраќај речиси 11,5 милиони евра. Но, трошоците биле значително поголеми и претпријатието отишло во загуба околу 7,5 милиони евра. Според бизнис планот за 2021 година, АД Железници -транспорт планира речиси иста толкава загуба и за оваа година! Всушност, секоја година Железница трупа загуби.
Еве какви се финансиските резултати на Железници-транспорт во последниве 5 години:
(Во милиони евра)
Извор: Бизнис планови на МЖ-Инфраструктура, објавени на нивната веб страница
Наспроти овие големи загуби, МЖ-Транспорт има огромни обврски кон странски железници и кон добавувачите. Според нивните податоци, заклучно со 30.11.2020 година доспеаните неплатени обврски изнесувале 58 милиони евра, а дел од нив се од минатиот век!
Кому сѐ му должи МЖ – Транспорт?
(во евра)
ЖЕЛЕЗНИЦИ -ИНФРАСТРУКТУРА ИМА АКУМУЛИРАНА ЗАГУБА ОД 54 МИЛИОНИ ЕВРА!
Во загуба е и Железници -Инфраструктура. Ова јавно претпријатие го објави финасискиот извештај за третиот квартал од годинава и според него, само од 1 јули до 30 септември, Инфраструктура направила загуба од 1,3 милиони евра. Акумулираната загуба на јавното претпријатие, заклучно со 31.12.2020 година е дури 54 милиони евра! Притоа, неизмирените обврски на крајот од минатата година биле речиси 38 милиони евра. За одржувањето и доизградба на железничката инфраструктура , јавното претпријатие има позајмено пари од Светска банка, Европската банка за обнова и развој, но и од Агенцијата за државни патишта. Износот на основицата на овие долгорочни кредити е 198 милиони евра, а пресметаната камата изнесува над 4 милиони евра. Според последните податоци од МЖ-Инфраструктура во тек се инвестиции од 250 милиони евра.
Кликни тука и продолжи со читање на анализата.