Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција истакна засега нема план за предложување на нови рестриктивни мерки.
„Стабилна е епидемиолошката ситуација и е разговарано за новиот сој кај нас. Сметам дека рестрикција од затворање на граници и карантинизирање на патници нема да даде ефект, зошто е веќе детектиран во европските земји и видовме дека кога ќе се појави нов сој, тој не може да се спречи. Остануваме со овие мерки засега и ја следиме ситуацијата. Ова е нов сој и допрва ќе дознаваме информации, но од она што го знаеме, нема потреба од рестрикција“, рече Филипче.