Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција истакна дека нема намера да се кандидира за лидер на СДСМ на престојниот конгрес, кој ќе се одржи на 12 декември.
„Нема да поднесам кандидатура за лидер на СДСМ. Немам такви амбиции“, рече Филипче.
Одговарајќи на прашање во однос на информациите дека Алијанса го бара ресорот здравство, Филипче порачува дека фокусот е ставен на окрупнувањето на парламентарното мнозинство.
„Денеска премиерот има состанок со лидерот на Алтернатива после што ќе се соопштат ставовите. Сега фокусот е на окрупнување на парламентарното мнозинство“, изјави Филипче.