Отворена изложбата на дела од Мал битолски Монмартр

Во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп отворена е изложба на дела од Мал битолски Монмартр. Изложени се 25 дела од оваа значајна македонска ликовна манифестација која постои веќе 40 години.

Изложбата, поддржана од Министерството за култура, е во чест на основачот Коста Хаџи Антоновски, кој веќе не е со манифестацијата на која и го посвети целиот свој живот.

Љубителите на ликовната уметност во наредните две недели ќе проследат дела создавани од ликовните амбасадори од целиот свет во Старата битолска чаршија непрекинато четири децении. Монмартр низ годините блескаше со својата шарена порака за мир, љубов, уметност…. испишана на десетици јазици со безброј нијанси на бои од детските ликовни творби кои пристигнуваа во Битола.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи