Вкупниот број на туристи во октомври изнесувал 53.828 од кои 58,9 % биле странски туристи, а 41,1 % домашни туристи. Реализирани се 124.219 ноќевања од кои 56,3 % од странските туристи, а 43,7 % од домашните туристи, соопшти денеска Државниот завод за статистика.
Во периодот јануари-октомври, бројот на туристи е зголемен за 50,5 % во однос на истиот период минатата година. Кај домашните туристи има зголемување за 20,1 %, а кај странските зголемувањето е за 183,3 %.
Зголемен е и бројот на ноќевања за 35 % и тоа кај странските туристи се бележи зголемување за 159,9 %, а кај домашните за 14,2 %.