Сообраќајот се одвива по влажни коловози, да се прилагоди брзината на движењето

Facebook
Twitter
Email
Print


АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува дека сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, на планинските премини со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи