Денарот е стабилен, уверува министерот за финансии Фатмир Бесими

Facebook
Twitter
Email
Print


Денарот е стабилен. Да бидеме внимателни со шпекулациите за девизниот курс на денарот затоа што тие не му користат никому, порача денеска министерот за финансии Фатмир Бесими.

„Народната банка има доволно инструменти да го заштити денарот. Имаме фиксен девизен курс, имаме доволно девизни резерви во Народната банка и во досегашниот период сме дале доволно факти дека по секоја цена ќе се заштити девизниот курс на денарот. Тоа е основата на нашиот економски модел, на нашиот монетарен систем и тука нема дилеми“, истакна Бесими, одговарајќи на новинарско прашање по денешната прес-конференција во Владата.

Инфлацијата, како што посочи, е во рамки на предвидувањата и очекувањата на сите меѓународни институции е дека ситуацијата на глобално ниво ќе се стабилизира во втората половина на следната година.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи