Социјални услуги за нега на стари лица – Добри практики од Австрија


Австриската организација Verein Regionalmanagement Regio 3 во соработка со Мрежата на Локални Акциони Групи,  ЛАГ АГРО ЛИДЕР и Локална Акциона Група Вардар ЛЕАДЕР денес одржаа онлајн предавање на тема “Социјални улуги за нега на стари лица”.

Предавачот Mr. Gerald Maier, кој е заменик претседател на регионалната асоцијација за нега на стари лица која вклучува 34 домови за стари лица и околу 3500 негователи во Регионот на Стирија, Австрија ја презентираше организираноста на социјалните услуги во Австрија.

Република Австрија е водечка земја во Европа од аспект на програмите за социјална заштита, како и организираноста и достапноста на социјалните услуги, која континуирано повеќе од 25 години работи на подобрување на достапните програми и услуги соодветно на потребите на корисниците. Социјалните услуги се целосно децентрализирани, а општините континуирано ја зголемуваат финансиската поддршка во областа на социјална заштита и услуги, и моментално 24% од вкупните приходи општините ги наменуваат за поддршка на институциите од социјална заштита и давателите на социјални услуги.

Во Австрија се поголема станува потребата од услуги за домашна нега и грижа на стари и немоќни лица од страна на професионални негуватели, за секој оној кој не е во можност да се грижи и функционира самостојно, но не сака да биде сместен во институција туку сака грижата да ја добива во удобноста на својот дом, и државата, регионите и општините ги креираат своите програми за развој на социјални услуги во согласност со детектираните приоритети на населението.

Социјалните услуги треба да се достапни и за жителите на нашата држава согласно Законот за социјална заштита. Во последниве години се забележува зголемување на давателите на услуги за нега на стари лица, и овие услуги стануваат подостапни за корисниците. Овие услуги како дел од социјалната реформа носат многу предизвици, и затоа споделувањето на добри практики и поддршката од држави кои бележат значајни достигнувања во оваа област е неопходност.

На настанот свое учество зедоа претставници на јавни интитуции како Центарот за социјална работа – Прилеп, Домот за стари лица-Прилеп, граѓански организации и локални акциони групи кои имаа можност да се запознаат со добри практики од Австрија во областа на социјалните услуги.

*Настанот е организиран во рамките на Проектот “E-HELP – Македонија: Подобрување на пристапот до социјални услуги преку дигитализација и вмрежување”со поддршка на Федералното Австриско Министерство за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачи

Автор: ЛАГ АГРО ЛИДЕР

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи