Турските власти издадоа налог за апсење на 360 лица поради поврзаност со ФЕТО

Facebook
Twitter
Email
Print

За вкупно 360 лица, од кои 343 се војници се издадени налози за апсење од страна на турските власти, во рамки на истрагата против ФЕТО, објавија турските медиуми.

 

Во операцијата, која е фокусирана на Истанбул, се уапсени 333 војници, меѓу кои 216 лица на активна должност.

 

Операцијата против приврзаниците на Ѓулен секојдневно продолжува, 16 месеци по обидот за пуч во Турција, па минатата недела беа приведени околу 700 лица.

 

Повеќе од 50.000 лица се уапсени и ставени во притвор до почетокот на судењето поради сомнеж за поврзаност со Ѓулен, додека 150.000 лица се сменети или суспендирани од позиции во јавниот и во приватниот сектор откако на 15 јули минатата година, при обидот за пуч во Турција, беа убиени 250 лица.

Турските власти велат дека само таквата чистка може да ја неутрализира заканата од мрежата на Ѓулен, за која тврдат дека е инфилтрирана во институциите како што се војската, судството и образованието.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи