Интернационалната полициска асоцијација Македонија – регион Прилеп и КПД Затвор Прилеп организираат голема еко акција за пошумување во атарот на селото Ореовец, кај манастирот Свети Димитрија, во недела на 10.04, со почеток во 09.00 часот. Планирано е да се засадат 2.000 садници.
Акцијата се прави во чест на нивните починати колеги МВР регион ИПА Прилеп, Зоранче Маркоски, Дејан Ангелески и Дејан Ристески и колегите од КПД Затвор Прилеп, Дејан Конески и Мице Чапкуноски.