Од Општина Крушево информираат дека локалната самоуправа треба да исплати оштета од 108 илјади денари на фирмата „Ата Г & Б“ заради штетата која и била нанесена при поставување на маси и столици на отворено, на место доделено на кафулето.
Според сегашната локална власт на „Ата Г & Б“, од страна на претходната локална самоуправа и бил скратен просторот за поставување на маси и столици.
По оваа одлука одлучил Управниот суд на Република Македонија, а во сумата од 108 илјади денари не биле вклучени трошоците направени додека се водел спорот.
„Овие 108 илјади се резултат на личните пресметки на поранешниот градоначалник Ѓорѓи Дамчески со екс-градоначалничката на Крушево Лефкија Гажоска и заради тоа граѓаните ќе треба на „Ата Г & Б“ да исплатат повеќе од 2.000 евра, вклучувајќи судски трошоци“, изјави Томе Христоски, градоначалник на Крушево.