Компанијата „Гентерм“ донираше индустриски машини за перење и сушење во вредност од 12.000 евра за општата болница во Прилеп. Од прилепската болница велат дека оваа донација ќе придонесе за поголема хигиена и упатуваат апел овој гест како општествено одговорни да го следат и другите компании во градот.
„Одличната соработка помеѓу ЈЗУ „Општа болница“ и Гентерм Македонија уште еднаш се потврдува со тоа што оваа општествено одговорна компанија, како најголем работодавец во нашата општина, одлучи да донира за нашата болница, притоа согледувајќи ги нашите потреби за она што значи подобро здравје за нашите пациенти, ни излегоа во пресрет и одлучија да донираат машини за перење и за сушење. Огромна благодарност од болницата, од пациентиите ии граѓаните на Општина Прилеп, на она што значи нивен гест, донирање на оваа опрема. Машините ќе ги користиме во пералната и при тоа ќе ги замениме оние машини кои беа стари и по неколку децении. Сега со овие машини кои се високоенергетски, ефикасни и економични машини, ќе може да имаме подобра хигиена, подобра постелнина за сите одделенија кои ги опслужува пералната. Ова е повод да доставам апел и до другите општествено одговорни компании во нашиот град, да го следат овој пример и се надевам дека ќе наидеме на разбирање“, изјави Кети Смилеска, директор на општа болница Прилеп.
Од компанијата Гентерм велат дека ова не била нивна прва донација за болницата, досега имале направено и повеќе други донации за училиштата и градинките во градот. Велат дека нема да застанат тука и дека соработката со јавните институции во Прилеп ќе продолжела и во иднина.
„Мило ми е што денес сум тука, нашата компанија е социјално одговорна компанија. Денес сме дојдени сме дојдени да донираме на болницата машини за перење и за сушење, што и помогне на болницата да ја одржува хигиената и чистотата за пациентите. Ова не е наша ваква прва активност, се надевам дека со овие активности ќе продолжиме и во текот на наредната година. И се надеваме дека ии понатаму ќе имаме соработка со болницата. Ова е наша трета донација тука за болницата. Наша цел е да соработуваме со повеќе институции во општината како што се болници, училишта, градинки. Имавме состанок со директорката на болницата и на тој состанок ги утврдивме главните активности кои сакаме да ги направиме заедно со нив во текот на наредната година“, истакна Андреј Хафинетс, директор на компанијата Гентерм.