Ковачевски: Во 2023 ќе бидат инсталирани фотонапонски електрани од околу 300 мегавати

Facebook
Twitter
Email
Print

Обновливите извори на електрична енергија инсталирани во 2022 година, може да се задоволат потребите на домаќинствата од шест градови од земјава: Охрид, Тетово, Кратово, Крушево, Крива Паланка и Св Николе, рече премиерот Димитар Ковачевски на годишната конференција „Година на нови можности“.

Тој кажа дека за само една година во државава има изградени нови електроцентрали со над 152 мегавати инсталиран капацитет за производство на струја од обновливи извори, а Регулаторната комисија за енергетика минатата година издаде и 267 дозволи за производство на зелена електрична енергија.

„Овие нови централи што произведуваат струја од сонце, ветер, вода и биогас што се изградени за една година се еднакви со енергетските капацитети кои се граделе со години како ХЕЦ Козјак, ХЕЦ Св Петка и ветерниот парк Богданци. Со капацитетите изградени во 2022 година, може да се покријат потребите на 65.700 домаќинства, со просечна потрошувачка на електрична енергија“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека вака се придонесува кон намалување на цените на електричната енергија и се отвораат нови работни места за инженери и за кадри од сродни дејности и услуги.

„Најважно од сѐ е сепак тоа што зелената трансформација ќе овозможи на нашата држава национална енергетска независност и ќе ни даде сигурност за предвидлив развој на економијата. Конкретно, до крајот на оваа 2023 година, во македонскиот енергетски систем очекуваме да бидат инсталирани околу 300 мегавати од фотонапонски електрани, преку инвестиции од европските земји“, рече Ковачевски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи