ВИДЕО – Освен закани со бомби, сега и закани со пукање од огнено оружје кон прилепските училишта


Дали заканите со поставување на бомби во училиштата добиваат нова димензија? Вчера во 2 основни училишта во Прилеп, „Блаже Конески“ и „Гоце Делчев“, по меил биле испратени закани, но овој пат не дека има поставено бомби, туку дека ќе се пука кон училиштето и учениците со огнено оружје. Во ООУ „Гоце Делчев“ пак имало вакви закани и во прва и во втора смена, при што училиштето било евакуирано 2 пати.

Во ова училиште закани за поставени бомби околу објектот и внатре во него имало и утринава. Поради овие случаи денеска Општина Прилеп одржа седница на Кризниот штаб на кој што присуствуваа сите релевантни институции надлежни за да реагират при ваква ситуација како полиција, армија, ДЗС, ЦУК, ТППЕ Прилеп и други. Се донесоа заклучоци да се испратат до Влада. МВР, МОН, Група за проценка и Управувачки комитет за да се добијат конкретни уредби како да се поставува во вакви ситуации, кога има и по неколку закани дневно.

„Дојдовме до заеднички заклучок дека треба со допис да се обратиме до Група за проценка, каде се доставени уште вчера овие информации, тие потоа ќе се обратат до Управувачкиот комитет, кој што во најбрз временски период во текот на денот, со одлука на Влада ќе добиеме инструкции како се постапува и после извршувањето на проверка од безбедносен карактер“, истакан Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.

Средба во Општина денеска одржаа и директорите од сите основни и средни училишта од Прилеп, на која повторно се разговараше за тоа како без паника да се поставува во вакви ситуации и како да се изврши најитна евакуација на децата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи