Поради протестот на вработените во МЖ- Транспорт, товарниот и патничкиот сообраќај втор ден е во целосен прекин. Вработените бараат исплата на вториот дел од платата за октомври. Најавена е средба со претставници на Владата.
Од раководството на МЖ- Транспорт информираа дека се работи на надминување на проблемот со исплатата на платите и нормализирање на сообраќајот.
Пред неколку дена, кога почна протестот првин со блокада на товарниот, а потоа и на патничкиот сообраќај, на вработените им беа исплатени материјалните трошоци за октомври. Освен вториот дел од октомвриската плата, вработените бараат ноемвриската да им биде исплатена најдоцна до 25 декември.
Ова не е прв пат овој сектор да штрајкува поради неизплатен труд.