Искршени врати и прозорци, срушени покривни конструкции, општински објекти претворени во наркомански дувла. Ова на кратко е сликата на објектот што се наоѓа во делот на поранешната Итна помош, кај кружниот тек „Солидност“. Оваа слика ќе ја видете и на многу други објекти во сопственост на граѓаните на Општина Прилеп, вели во својата изјава советникот од редовите на Левица, Методија Костоски.
СИСТЕМАТСКО УНИШТУВАЊЕ И ОБЕЗВРЕДНУВАЊЕ НА ОПШТИНСКИОТ ИМОТ ВО ПРИЛЕП
‼ Искршени врати и прозорци, срушени покривни конструкции, општински објекти претворени во наркомански дувла. Ова на кратко е сликата која ќе ја видете од многуте објекти во сопстваност на граѓаните на Општина Прилеп.
📢Според досегашните искуства, станува збор за долгогодишно, намерно и свесно девалвирање на имот, со цел овластениот проценител да има “одврзани раце” да изврши проценка со вредност помала од минималната, багателна цена за “моќните купци”, кои ни го купуваат сето тоа што е наше, граѓанско.
⏳Но не е далеку времето кога Левица ќе го врати кај народот сето она што на ваков расипнички начин ни беше одземено низ годините.
#ЛевицаОдСоветите
Posted by Левица – Прилеп on Среда, 30 август 2023
„Според досегашните искуства, станува збор за долгогодишно, намерно и свесно девалвирање на имот, со цел овластениот проценител да има „одврзани раце“ да изврши проценка со вредност помала од минималната, багателна цена за „моќните купци“, кои ни го купуваат сето тоа што е наше, граѓанско. Но не е далеку времето кога Левица ќе го врати кај народот сето она што на ваков расипнички начин ни беше одземено низ годините“, вели Костоски.