Пред почетокот на новата учебна година, во пресрет на празникот Успение на Пресвета Богородица, минатиот викенд во дворот на ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“ по пауза од 4 години се одржа турнирот во баскет „КГЈ 3×3“.
„Нашето училиште секогаш е со отворени врати за млади ентузијасти! Нашиот училишниот двор беше преполн со млади луѓе! Спортот, рекреацијата, забавата, веселите и насмеаните лица СЕКОГАШ се добредојдени кај нас! Честитки до најдобрите, но за нас СИТЕ СЕ ПОБЕДНИЦИ“, велат од ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“.