Бесими: Дополнителни 720 милиони денари за зголемените плати на 1.000 функционери

Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска изјави дека со ребалансот на буџетот до крајот на годината предвидени се дополнителни 720 милиони денари за плати на 1.000 функционери кои во меѓувреме со уставна одлука добија зголемување на доходите за 78 отсто. Овие 12 милиони евра се една од причините зошто се прави ребаланс на буџетот, кој денеска е прифатен на владина седница и ќе биде испратен во Собрание.

„За покачувањето на платите на 1.000 функционери, односно 450 судии, 150 обвинители, 120 пратеници, 50 правобранители, владини функционери, министри, директори, предвидени се 720 милиони денари“, рече Бесими.

Како што додаде министерот, прераспределбата на буџетот ќе значи кратење од капиталните инвестиции кои не се движат со посакуваната динамика, а од друга страна ќе има зголемување на плати , пензии , К-15, социјална помош, набавка на лекови, антикризни мерки од деветти пакет, итн.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи