Конечно реализиран проектот за настава во современи услови во нашето училиште. Направени се сите училници за второ и трето одделение, објави денес директорот на ООУ „Климент Охридски“ во Прилеп, Ахил Јаков.
„Секој ученик има право да учи во современи и напредни училници,да има квалитетно образование а воедно да се чувствува како дома. Одиме чекор по чекор…
Исто така сакам да се заблагодарам на општествено одговорната фирма КДС „Кабелнет“ за нивната донација за комплетирање на овој проект.
И препорака до сите фирми, помагајте во образованието, вашиот влог во образованието е наш влог во иднината“, истакна Јаков.