Во Четвртата изборна единица се: Струмичко-радовишката, Гевгелиско-валандовската Котлина, Тиквешијата и голем дел од Пелагонија. Имаме златно поле и штета е луѓето да имаат ваква дедовина, да имаат сè, а да го бараат спасот некаде во странство, истакна Сашко Јанчев, носител на листата за пратеници на Левица во ИЕ 4.
„За тоа Левица во својата програма предвидува сериозна државна интервенција во земјоделието која се состои од:
– Разбивање на зелената мафија на прекупци;
– Планско производство на земјоделски производи со цел да нема вишоци и недостатоци на производи;
– Државни откупни центри;
– Државни ладилници од кои ќе се снабдуваат со храна градинки, училишта, болници, армијата;
– Стоковните резерви да се пополнуваат строго од домашно производство со однапред склучени договори со земјоделците и производителите;
– Аграрен максимум, односно забрана – малку луѓе да можат да го откупат целото земјоделско земјиште;
– Стимулирање задругарство…
Крајна цел ни е прво да произведеме храна за Македонија, а потоа државата да се вклучи во пронаоѓање пазари во странство.” истакна Јанчев.