ВИДЕО – Со свечени активности и Отворен ден за сите граѓани денеска во Прилеп се одбележа 20 мај Денот на пожарникарите


Со свечени активности и отворен ден за сите граѓани денеска во просториите на ТППЕ Прилеп беше одбележан 20 мај Денот на пожарникарите во Македонија. Против пожарниот дом го посетија голем број дечиња од скоро сите основни училишта од Прилеп, но и од претшколска возраст од прилепските градинки. Н Најмладите се запознаа со противпожарните возила, опремата ккоја служи за гаснење на пожар, но имаа и едукактивен дел за тоа како да препознаат појава на пожар и како и каде истиот да го пријават.

Ние овде прв пат сме тука, се запознавме со многу материјали за гаснење на пожар и се запознавме со пожарникарите овде што работат, ги испробавме нивните возила, сирените.

Интересно беше?

Да, многу интересно, ова како мала екскурзија и интересно беше.

Прв доаѓате во противпожарната единица?

Да, прв пат овде доаѓаме цел клас“, изјави едно од децата што ја посетија ТППЕ Прилеп.

 

Денеска научивме многу работи што се однесува на пожарната, многу ни беше интересно. Ова беше како мал повод да појдиме кај противпожарната станица.

Од сите работи што ги виде, што ти беше тебе најинтересно?

Мене најинтересни ми беа реквизитите“, рече истакна друг ученик.

 

Мене најинтересна ми беше опремата за гаснење пожар и возилата.Денеска е многу убав ден, научивме многу работи за гасење на пожар, за возење на возила и за реквизитите во пожарната“, кажа трет ученик.

Вакви едукативни тури ТППЕ Прилеп прави скоро секој месец со најмладите од нашиот град за да тие подобро се запознаат со работата на пожарникарте. Командирот Кристијан Момироски денеска упати апел до граѓаните во пресрет на сезоната на пожари, да не се пали никаков неконтролиран оган на отоврено кој може да ја доведе во опасност животната средина, но и животот на луѓето.

Да го искористам овој момент и да упатам еден апел до сите граѓани, во предсезона сме на пожари на отворен простор, каде граѓаните треба да бидат максимално внимателно за да не доведуваат со палењето на шумските посеви или земјоделските посеви да предизвикаат пожари од поголеми размери какви што беа во претходните години, заради тоа што треба да се грижиме за природата и шумите, останаа тие како бели дробови на општеството, на секој граѓанин“, потенцираше Кристијан Момироски, командир на ТППЕ Прилеп.

Годинава до овој период за разлика од има за 30% проценти повеќе пожари, односно до денес се рефистирани околу 280 интеревнции на ТППЕ Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи