Изградбата на пругата Битола – Кременица ќе заврши во 2018 година

Facebook
Twitter
Email
Print

Австриската компанија „Штрабаг“ е избрана за изведувач на градежните работи на недовршената пруга Битола – Кременица. Оваа информација ја соопшти министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, кој напомена дека пругата со должина од 17 километри ќе се доврши во текот на 2018 година.

 

За нејзина изведба од ИПА фондовите на Европската Унија се обезбедени 19,9 милиони евра, но нивното искористување ќе мора да се комплетира до крајот на наредната година.

 

Министерот Горан Сугарески информираше дека до надлежните институции се доставени документи за судска постапка која ќе се спроведе за евентуалните малверзации на досегашните изведувачи на пругата од Битола до границата со Грција.

 

Оваа железничка врска требаше да биде реконструирана до 30 јули 2016 година, но досега тоа не се оствари. Пругата од грчка страна е целосно реконструирана и по неа се одвива железничкиот сообраќај од северна Грција кон Солун.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи