ВИДЕО – Ристески: Стартува законот за нефер трговски практики, се очекува намалување на 2.547 производи за 10%


Од денеска започнува примената на законот за нефер трговски практики за прехранбени и земјдоделски производи. Да напоменам дека тој закон за прв пат се воведува во историјата на Македонија и исто така ова е прв закон од ваков тип кој ќе се спроведува во некоја држава од југоисточна Европа. Примерот на законот е земен како сублимат од три закони за нефер трговски практики и тоа од Словенија, Хрватска и Бугарија, истакна Марјан Ристески, заменик министер за економија.

„Очекувам дека во наредниот период од денеска па во наредните месец дена, според она што досега имаа обврска добавувачите и производителите од една страна и трговците од друга страна да ги услогласат договорите и сметам дека ќе има ефекти во намалувањето на цената на околу 2.547 производи во наредниот период барем за 10% . Ефектите би биле некаде кон крајкот на месец октомври, почетокот на ноември, бидејќи се уште голем дел од трговците ги трошат залихите кои ги имаат направено претходно.

Но дотогаш ние направивме уште една мерка која е во интерес на граѓаните и нивниот животен стандард наречена „Есенска потрошувачка кошничка“ и веќе ефектите ги имаме на терен. Од она што го кажувата пазарните инспектори и граѓаните имаме намалување на поединечни цени на 73 производи по категории, инаку бројката е околу 500 до 600 производи со оваа есенска кошничка. Веќе намалувањата изнесуваат од 5 до 12% во зависност од  производите и во зависност од големината на маржата која ја имаме претходно.

Да напоменам и тоа дека со есенската кошничка бруто профитната маржа е ограничена на 10%, додека пак со законот за нефер трговски практики ќе биде ограничен рабатот на 5% и останатите трошоци како што се маркетинг рекламирање на производите, работниците ангажирани околу тие производи во маркетите и трговијата исто така ќе биде и тоа ограничено на 5%. Значи 5 и 5% вкупно 10% ограничување. Значи нема да одат со големи рабати како досега 30 или 40%. Нема тоа да се одразува на цената на крајниот производ односно на џебот на потрошувачите“, додаде Ристески.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи