ВИДЕО- Пуштена во употреба делницата Градско-Дреново, Мицкоски: Оваа градба е за македонските граѓани, ова не е политичка градба


Денеска беше пуштена во употреба делницата од експресниот пат Градско-Дреново во должина од 15,5 километри плус еден километар од делницата Фариш-Дреново или вкупно 16,5 километри од експресниот пат. Вредноста на проектот е 37.300.000 евра од кои 26.700.000 евра се обезбедени преку ИПА фондовите и 10.600.000 евра се обезбедени од Буџетот на Македонија.

„Оваа градба е за македонските граѓани, тие ќе ја користат, ова не е политичка градба, нема никој од политичарите да ја стави во џеб и да си ја носи дома. Граѓаните се тие кои ќе го користат сето ова. И да им се заблагодарам и на опозициските партии кои додека беа власт 7 години не успеаа да ја завршат оваа градба, Па мораше оваа Влада, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ да го направат тоа. Ќе продолжиме и понатаму да ги развиваме проектите, тоа е многу значајно за нас бидејќи ние сме земја која што во суштина нема излез на море, не изобилува со некои ресурси како нафта и гас и тоа во одредена смисла на зборот претставува некаков недостаток. Но тоа кое што ние го имаме, другите балкански земјо го немаат, а тоа е дека ние сме природна раскрсница на многу важни два паневропски коридори. Тоа се Коридор 8 и Коридор 10. Годината ја започнавме со пуштање во употреба на еден ваков преубав ексресен пат кој ги поврзува градовите Куманово и Крива Паланка, односно од местото Чатал, преку Длабочица до Крива Паланка или од Страцин и сега го пуштаме овој пат од Градско-Дреново, кој е дел од Коридорот 10Д, а за неколку денови ќе од денес ќе го пуштиме првиот дел од пругата кон Бугарија, која треба да го поврзе Куманово со Бељаковце. Три проекти кои треба да го одбележаст почетокот на годината кој што многу лесно можеше да бидат споменици на едно лошо време кое сите се трдиме да остане во заборав. Продолжуваме и понатаму со ЈПДП сме договорени да продолжи проектирањето на патот до Прилеп преку Плетвар оној дел кој што треба да се прошири и надгради. А истовремено со несмалена динамика продолжува изградбата нба автопатот од Прилеп до Битола и очекуваме и таа отсечка час поскоро да биде завршена и се обидуваме да најдеме начин како да обезбедиме средства да ја завршиме обиколницата околу Битола до граничниот премин Меџитлија со што на еден брз начин би се користел и овој дел од Коридорот 10Д“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи