Инфо Компас во оваа репортажа ви ја претставува новата поставка на музејот на Илинденското востание и Крушевската република кој се наоѓа во Крушево. Од голем број познати и непознати причини и фактори музејот е затворен уште од 2013 година. По поминати голем број премрежја конечно за кратко истиот се очекува да биде пуштен во употреба, со комплетно нова поставка, нови документи, фотографии и експонати. Поставката е готова 80-тина проценти и во прашање се недели кога таа треба да биде финиширана.
Еве како изгледа просторот кој е веќе уреден.