ВИДЕО- Проданоски: Изградба на мост на улица Победа, нови пешачки мовчиња, зголемување на капацитетот на малото мовче на ул. „Цане Илиоски“


Размислуваме за поставување на неколку пешачки мостови, иако треба сериозна документација и предвидување на сите мостови во Генералниот убранистички план. Пробуваме ако најдеме начин без измена на урабнистичкиот план да се постават пешачки мостови и да се поврзат одредени делови кои се на најголем удар на граѓаните, да го скратиме движењето, да не се пешачи до големите мостови, истакна денеска градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски.

„Би спомнал дека работиме на проект за ново вградување на сите постоечки мостови со детали од градот, тоа би се случувало во текот на летото и како што спомнав, мораме прво да го доуредиме, особено во овој дел, да ги поставиме кејските ѕидови кои на некој начин би ја определиле траекторијата на самото корито. Понатаму да се влезе и да се работи на минор коритото и така, чекор по чекор, но за се треба време, треба спремна документација и на крајот, најгорливото прашање е обезбедувањето на финансиски средства, но мислам дека во оваа фаза има доволно финансиски средства.

Би спомнал и дека размислуваме како да го прошириме, да го зголемиме капацитетот на малото мовче на улицата Цане Илиоски, кое сега заради градежните активности на мостот Табана генерира голем сообраќај. Тоа е предвидено да биде пешачко мовче, но условно се злоупотребува и од патнички и моторни возила. Ако успееме тоа да го бајпасираме Прилеп би добил растоварување на сообраќајот од централното градско подрачје, прво спомнав Табана, второ Цане Илиоски и трето мостот за кој деновиве треба по втор пат да биде пуштен јавниот повик за избор на изведувач на улицата Победа, со што би заокружиле еден голем циклус“, додаде Проданоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира