Во Прилеп наврнаа 15 сантиметри снег – најмногу снег наврна во Пожаране и Маврово

Во поголемиот дел од земјава изутрива врне снег, кој е поинтензивен на југозападот. Најмногу снег ноќеска наврна во Пожаране каде што е формирана снежна покривка од 36 сантиметри, во Маврово 33, Дебар 22, Битола 21, Охрид 19, Прилеп 15, Попова Шапка 9 и Тетово 6 сантиметри.

 

На пониските предели врне дожд. Во текот на ноќта дуваше и умерен до засилен северен ветер, кој достигнуваше брзина од 80-100 км/час.

 

Облачно, студено и ветровито со повремени врнежи претежно од снег ќе биде и во текот не денов. Во планинските региони и во западните делови дополнително ќе се зголеми снежната покривка, а долж Повардарието врнежите ќе бидат од дожд, влажен снег и снег и помала снежна покривка ќе има само понекаде.

 

Поради силниот ветер кој ќе продолжи да дува и денеска (и над 80 км/час) ќе има услови за појава на снежни наноси.

 

Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8 степени. Во Скопје облачно, студено и ветровито со повремени врнежи од дожд и снег. Максималната температура ќе достигне 5 степени.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци