Вербална и физичка пресметка на Грци со Македонци на протестот во Мелбурн

Facebook
Twitter
Email
Print

За време на денешните протести на грчката заедница во Мелбурн дошло до вербална и физичка пресметка меѓу група демонстранти и Македонци кои од страна ги набљудувале протестите.

 

Протестите се одржале во центарот на Малбурн, кога дошло најпрво до вербална пресметка на учесници на демонстрациите и група Македонци кои, облечени во маици со македонски национални обележја, седеле на кафе во близина на грчкиот конзулат. Потоа дошло и до физичка пресметка, но за среќа, полицијата била во близина, па со употреба на солзавец успеала да спречи поголем инцидент.

 

Демонстрантите носеле пароли на кои пишуваше „Не за продажба на името Македонија“ и „Македонија секогаш ќе биде грчка“.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи