Основачот на Викиликс би можел за само неколку часа да биде слободен човек, после пет години, ако лондонскиот суд ја усвои неговата жалба околу одлуката за притвор.
Џулијан Асанж веќе пет години се наоѓа во амбасадата на Еквадор, во која бараше азил, откако му се закануваше апсење поради тоа што тој одби да се врати во Шведска, каде е обвинет за наводно сексуално вознемирување на колешка.
Тој смета дека со тоа би бил депортиран во САД, кој го бара поради објавување на доверливи информации околу војните во Ирак, Авганистан и други доверливи информации.
Во меѓувреме, Еквадор му одобри политички азил на основачот на Викиликс, но од Лондон одбија да му признаат дипломатски статус, кој би го спасил од апсење.
Лондонскиот суд денеска закажа рочиште во кое ќе се расправа околу молбата на Асанж да се укине налогот за негово апсење.
На прашањето дали би можело да се случи Асанж денеска да стане слободен човек, од канцеларијата на главниот обвинител добиен е краток одговор: „Хипотетички, да“.