Решавачки ден за коалициските преговори во Германија

Facebook
Twitter
Email
Print

Во Берлин денеска започна последната рунда од преговорите за формирање нова влада на Германија, односно се очекува да завршат маратонските преговори меѓу Социјалдемократската партија (СПД) од една и Христијанско-демократската (ЦДУ) и Христијанско-социјалната унија (ЦСУ) од друга страна за создавање голема владина коалиција, четири месеци по изборите за Бундестагот.

 

Германската канцеларка Ангела Меркел, којашто е и лидер на Демохристијанската унија побара компромис во финалната рунда.

 

„Живееме во турбулентни времиња. Како народни партии, од нас се очекува да формираме влада за доброто на луѓето. Влада која ќе биде стабилна и која постојано ќе создава услови за континуиран просперитет и безбедност во секоја смисла. Не смееме да заборавиме на ова кога зборуваме за малите и деталните прашања. Ова е за доброто на земјата и за тоа дали ЦДУ и СПД се во позиција да го најдат вистинскиот одговор во форма на владин состав“, изјави Ангела Меркел, канцелар на Германија и лидер на ЦДУ.

 

Претседателот на Социјалдемократската партија на Германија (СПД), Мартин Шулц рекол оти очекува денеска да биде постигнат договор.

 

Досега двете страни ги усогласија ставовите за помош на младите семејства за сопствен дом, паричен надомест за секое дете, поголем фонд за клиниките и  докторите во руралните области, проширување на интернет мрежата, и за годишен лимит меѓу 180.000 и 220.000 мигранти на кои ќе им биде обезбедено сместување во Германија. Партиите не можат да постигнат договор околу политиките за труд и здравствената заштита.

 

Преговорите меѓу конзервативците и социјалдемократите за формирање на влада, по изборите на 24 септември, минатата година, се најдолги од Втората светска војна.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи