ВИДЕО – Богданоски : Од полицијата ни се закануваа да не го блокираме патот Прилеп-Скопје

Две странски компании веќе доставиле понуди за купување на прилепски Еурокомпозит. Вицепремиерот Аншуѓев не сакаше да ги открие нивните имиња, само откри дека компаниите имале во план и вработување на нови лица, а инвеститорот ќе ги исплател и заостанатите плати и придонеси. Сепак дали и до кога ќе се чека на нови понуди за купување на Еурокомпозит и кога конечно ќе заврши голготата на оваа фабрика не беше точно прецизирано.

 

 

„Инвеститорите се спремни да направат нови производни линии и со луѓето кои се останати во Еурокомпозит, за нив да обезбедат работа, но не на постојната технологија и на постојниот машински парк, кој е сериозно застарен, туку со комплетно нова технологија што ќе ја инвестираат и ќе мора да довработуваат одреден број на вработени, но од други струки, помлади луѓе, луѓе кои ќе бидат со соодветни квалификации за тоа што ќе биде таму потребно“, истакна Кочо Анѓушев, вицепремиер.

 

Ваботените велат дека се скептици околу овие тврдења затоа што како што велат се имале изнаслушано вакви ветувања во последниве 10-тина години. Ситуацијата во компанијата моментално била тешка, за 3 месеци вработените имале земено само 8.000 денари и немаат здравствено осигурување. Добивале закани ако штрајкуваат. Затоа дел од нив во момнетов работеле, а дел не.

 

„Ние имавме прогласено штрајк, дел од вработените не го прифатија тој штрајк дел ги поткупија со по 6.000 денари да започнат да работат. Од страна на полиицијата имаме закани да не протестиираме на патот Прилеп-Скопје. До пред некој месец можевме слободно да излегуваме да протестираме, сега ни велат од полицијата дека ако излеземе ќе бидеме санкционирани“, истакна Роберт Богданоски, синдикат на Еурокомпозит.

 

Инаку 130 вработени кои заминаа како технолошки вишок добија само 25.000 денари како отпремнина. Се заканија дека ако до 25 декември не добијат уште по 25.000 денари ќе започнат штрајкови со блокади на улици и патишта. Анѓушев пак рече дека отпремнината ќе се исплаќала како што фирмата има пари.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи