Од денеска започнува аплицирањето за зелена карта за САД, соопшти соопшти Стејт департмент.
Пријавувањето ќе започне во 18 часот и ќе трае до 7 ноември до 18 часот.
Електронскиот формулар ќе може да се најде на Интернет страницата www.dvlottery.state.gov и таму можат да се добијат и сите подетални инструкции за процесот.
Пријавувањето е бесплатно и може да се направи само еднаш, а копија од единствениот број за конфирмација треба да се чува барем до 30 септември 2019 година, бидејќи тој е единствениот начин да се провери дали некој е избран за иселеничка виза. Тоа ќе мора да се провери на 1 мај 2019 година.
Ќе бидат дисквалификувани сите оние кои ќе достават фотографија постара од шест месеци.