Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски и претседателот на Советот на општина Крушево Тома Петроски вчера, 17.12.2019, потпишаа Меморандум за соработка со Програмата за развој на Обединетит нации (УНДП) во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети“.
Општина Крушево е една од девет општини кои се дел од последната фаза на овој проект, а истиот опфаќа неколку компоненти:
- Градење на капацитети на советниците преку одржување на обуки и вмрежувзње на советниците
- Финансирање на имплементација на иновативни алатки за подобрување на транспрентноста на Советот
- Финансирање на еден до три проекти во максимална вредност од 50 000 швајцарски франци кои ќе бидат одредени преку форуми на заедници.
Проектот „Зајакнување на општинските совети“, вреден 3,4 милиони швајцарски франци, е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка и е имплементиран од УНДП во партнерство со Министерството за локална самоуправа, Министерството зa финансии, Заедницата на единиците на локалната самоуправа, Здружение на финансиски работници и UN Women.