Регулаторната Комисија за Енергетика тукушто ги објави новите, малку зголемени цени на горивата. Од полноќ за половина денар се зголемува цената на Еуросупер 95 и 98, додека дизелот ќе се продава по стара цена.
Со новите цени еден литар ЕУРОСУПЕР-95 ќе чини 48.50 денари, додека еден литар ЕУРОСУПЕР-98 ќе чини 50.50 денари. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото не се менува, па еден литар дизел и понатаму ќе чини 45.00 денари.