Регулаторната комисија соопшти дека од полноќ малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат за 8,51%, односно за 3.5 денари.
Согласно новиот ценовник, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемуваат за 3,50 денари/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со Одлуката од 04.05.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 54,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 56,00 ден/лит, додека малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 45,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 2,50 денари за литар и ќе изнесува 33,50 ден/лит, додека малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 2,026 ден/кг и ќе изнесува 18,169 ден/кг.